Гризман се сели кај Роналдо во Ал Наср!?

Саудијскиот Ал Наср е во акција за доведување на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид. Претставници на клубот веќе се сретнале со менаџерите на Гризман во Лондон, посакувајќи да го видат заедно со Кристијано Роналдо во тимот.

Гризман во Атлетико има отштетна клаузула од 25 милиони евра, која Саудијците се подготвени да ја платат за светскиот шампион од 2018 година.

Засега Французинот не е заинтересиран за овој трансфер, но Атлетико сето тоа го гледа како шанса да се ослободи од неговата висока плата. Гризман со 12,5 милиони евра годишно е навистина високо на платниот список на Атлетико.

Се вчитува...