Францускиот интернационалец Антоан Гризман по завршувањето на оваа сезона и дефинитивно ќе си замине од Атлетико Мадрид, откако ја одби и последната понуда на клубот за продолжување на соработката. Иако раководството на „јорганџиите“ му понуди нов договор со значително зголемување на платата, сепак, Гризман најавил дека сака нов предизвик во кариерата. Се поизвесно е дека Французинот ќе се пресели на „Камп Ноу“ претстојното лето.
Откупната клаузула на Гризман изнесува 100 милиони евра, а шпанските медиуми откриваат дека трансферот е практично договорен и Барселона чека да дојде јуни и да ги исплати овие средства, што преселбата на одличниот напаѓач ќе стане реалност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА