Гризман за триумф на Атлетико против Еспањол… (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид славеше со 1-0 против Еспањол во 17. коло од шпанската Ла Лига со што ја продолжува битката со Барселона, Севилја и Реал Мадрид за врвот од табелата.

„Јорганџиите“ до победата дојдоа со голот на францускиот репрезентативец Гризман од пенал во 56. минута…

По оваа победа Атлетико Мадрид со 34 бода се израмни на чело на табелата со Барселона, која има и натпревар помалку. Севилја е на третата позиција со 31 бод.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...