ГРК Охрид активираше „бомба“: Потпиша Хрватот Прибетиќ

ГРК Охрид од денеска е посилен на пивотменската позиција за повремениот хрватски репрезентативец Џанфранко Прибетиќ. 25-годишниот Прибетиќ доаѓа од екипата на Штутгарт, а во минатото беше дел од Нексе, со кого стигна до финалето на ЕХФ Европската лига во 2022 година.

Прибетиќ денеска се обврза на договор на три години со охридската екипа која ја тренира српскиот тренер Борис Ројевиќ. Новата аквизиција во изминатите година и пол беше дел од германската ракометна Бундеслига, и претставува огромно засилување за oхриѓани.

Прибетиќ има настапи и во ддресот на Хрватска.

Се вчитува...