Ракометарите на Охрид остануваат стоотстотни на стартот на новата сезона во Суперлигата откако вечерва на домашен терен славеа убедливо против Бисинов со 35-18 во меч од 6. рунда шампионатот на Македонија.
Охриѓани уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе на пауза имаа огромна предност од дванаесет голови 20-8. Во вториот дел домашниот тим само рутински го приведе мечот до крајот за конечни 35-18.
Наум Костов со седум гола беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Ивица Илиев постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА