Ракометарите на ГРК Охрид забележаа нова победа во домашниот шампионат откако вечерва славеа на гостувањето кај Прилеп со 18-34 во натпревар од 8. коло од новата сезона во Суперлигата.
Гостите од Охрид уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе на полувреме имаа предност од 10-19. Во вториот дел тие само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 18-34.
Давид Савревски со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Денис Шабановиќ заврши со четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

