ГРК Охрид ги стартуваше подготовките за новата сезона

Градскиот ракометен клуб Охрид денеска ги започна подготовките за натпреварувачката сезона 2025/26,

Како што велат охриѓани започнува миниум тригодишниот проект кој го предводи тренерот Борис Ројевиќ. Стручниот штаб на првиот тренинг ги имаше на располагање сите ракометари (освен повредениот Теимураз Орјоникидзе кој рехабилитацијата ја одработува во Грузија).

„Базичните подготовки ќе се одвиваат во Охрид, нашиот град има одлични услови за тоа. Учествуваме на “Струшкиот Турнир” од 13-16 август и ќе одиграме три натпревари, потоа ни следи Меѓународниот Турнир “Крсте Андоновски” каде ќе одиграме четири натпревари. Турнирот е во наша организација кој од година во година е се подобар и подобар, па пред првиот натпревар во Македонската машка ракометна лига со екипата на Алкалоид можно е да одиграме уште еден-два подготвителни натпревари. Во ЕХФ Европскиот Куп сме носители и имавме “лесен противник” кој фокусирано треба да се одработи, па чекор по чекор со мала среќа во ждребот барем да ја “презимиме” Европа и да ја полниме СРЦ „Билјанини извори’ и во февруари. Посакувам сите играчи пред се да се здрави, а со нивниот квалитет позитивните резултати ќе дојдат. Со одличнитот стручен штаб на чело со нашиот тренер Ројевиќ и со поддршката на нашата верна публика мислам дека често ќе се радуваме во оваа сезона’, изјави спортскиот директор на ГРК Охрид, Славчо Ристески.

Се вчитува...