Ракометниот клуб Охрид денеска во салата „Билјанини Извори“ ги започна подготовките за новата сезона во која минатогодишниот учесник во плеј-офот одново ќе атакува на висок финиш, овој пат предводен од новиот тренер, Стевче Алушовски.
Легенданта на македонскиот ракомет попладнево го одржа првиот тренинг со екипата која до 10. август ќе биде во Охрид, а потоа ќе следат базични подготовки во Маврово пред вториот меморијален турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ што ќе се одржи од 23 до 26 август во Охрид.
„До деветти август сме во Охрид кога играме контролен меч со Еурофарм Пелистер во Битола. На 10 август одиме на базични подготовки во Маврово каде ќе одиграме еден натпревар со Вардар на 12 август. Во Маврово сме до 18 август кога се враќаме во Охрид каде ќе се подготвуваме за вториот меморијален турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ што ќе се одржи од 23 до 26 август во организација на ГРК Охрид. До почетокот на првенството на 9 септември можеби ќе одиграме уште еден подготвителен натпревар“, изјави спортскиот директор Славчо Ристески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА