ГРК Охрид го победи КЛ7, но дали играше со недозволен број „регуларни“ странци?

ГРК Охрид во СЦ „Борис Трајковски“ ја потврди фаворитската улога против новиот член на Суперлигата, тимот на Голден Арт КЛ 7 и славеше со 23-29, доминирајќи во текот на целиот меч. Но, дали охриѓани направија „престап“ со бројот на странците, во записникот има четворица, кои не се репрезентативци на земја која е рангирана меѓу Топ 15 според последната официјална ЕХФ ранг-листа?

За ГРК Охрид на овој меч настапија Јагош Брауновиќ (Црна Гора), Игор Чагаљ (Хрватска), Филип Кривокапиќ (Црна Гора) и Денис Тот (Хрватска). Овие странски ракометари, најмалку еден од нив како четврти, според Пропозициите за натпреварување во машката Суперлига, треба да се репрезентативци на селекција од Топ 15 и во последните пет години да имаат барем 10 настапи за А сениорската репрезентација на својата земја.

Контролорот на натпреварот Русе Наумовски ова го превидел, а допрва ќе се види дали ќе следи жалба од тимот на Голден Арт КЛ 7.

 

Се вчитува...