Ракометарите на ГРК Охрид стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако вечерва на домашен терен славеа против Тиквеш со 24-19 во рамки на 5. коло од новата сезона во Суперлигата.
Охриѓани сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме во кое на противникот му дозволија само пет гола, а на пауза заминаа со двоцифрена предност од 15-5.
Во вториот дел гостите успеаја само да го ублажат поразот за конечни 24-19. Николас Лапис со пет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените со пет заврши Димитар Коцев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

