Македонскиот ракометен суперлига, ГРК Охрид го официјализираше трансферот на јапонскиот репрезентативец Хироки Мацуока.
Мацуока има 26 години и игра на позицијата среден бек, а во Охрид потпиша договор до 2025 година.
Во тимот на ГРК Охрид доаѓа од Брно, Чешка, а пред тоа беше дел од тимот на Осаки Осол, Јапонија каде во 2022/2023 е избран за МВП на јапонската лига. Има повеќе од 20 настапи за младинската репрезентација на Јапонија, а доби повик и ќе е дел од сениорскиот тим на Јапонија на Азиските игри во јануари.
„Здраво на фановите на Охрид. Дали сте изненадени што јапонски ракометар ќе игра за Вас? Ние сме можеби многу мали, но играме ракомет премногу брзо. Ќе дадам се за овој тим. Ве молам за поддршка. Возбуден сум со доаѓањето во Охрид, преубав град, големо езеро, фасциниран сум. Се надевам на успеси со овој тим” – изјави Мацуока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА