Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар ја забележаа и третата победа во плеј-офот во Суперлигата откако вечерва на домашен терен во премиерниот меч од 3. коло славеа над ГРК Охрид со 28-24.
Домашниот тим подобро го отвори мечот и брзо стигна до четири голови разлика (5-1). Во еден момент вардарци имаа и плус пет (10-5), но како се приближуваше крајот на првото полувреме така гостите играа се подобро и подобро, па на пауза заминаа со негатива од само еден гол (13-12).
Во вториот дел долго се играше гол за гол се до последните десет минути кога „црвено-црните“ повторно стигнаа до плус четири 23-19, што на крајот беа доволни за конечен триумф од 28-24.
Димитро Хорига со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените пет постигна Винициус де Соуза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА