Ракометниот тим на Охрид се и левиот бек Теимураз Орјоникидзе, се одлучија да го раскинат договорот, и Грузиецот не е повеќе дел од тимот. Ракометарот се здоби со повреда во мај, и не успеа да му се стави на располагање на ренерот Ројевиќ за време на зимскиот подготвителен период, по што двете страни се договорија да ја прекинат соработката.
Договорот на Орјоникидзе беше до крајот на оваа сезона, но тој предвреме ќе си замине од екипата.
„На нашиот Темо му посакуваме добро здравје и побрзо да се врати на ракометните терени“, стои во објавата на ГРК Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

