ГРК Охрид се пофали со ново екстра-засилување (ВИДЕО)

Македонскиот ракометен суперлигаш ГРК Охрид продолжува да го засилува својот тим за следната сезона во македонскиот шампионат.

Најново засилување на охриѓани е хрватскиот лев бек Анте Иванковиќ. Иванковиќ во Охрид доаѓа од Штутгарт каде минатиот период играше во Бундеслигата.

Претходно тој настапуваше и за словенечкиот Целје Пивоварна Лашко. Српскиот стручњак Борис Ројевиќ веќе ги обезбеди за својот проект во Охрид десниот бек Предраг Вејин, средниот бек Тилен Штрмљан и пивотменот Николас Лиапис.

Се вчитува...