ГРК Охрид со ново засилување: Суперлигашот потпиша со Јапонецот Јасухира

Косуке Јасухира е нов играч на македонскиот ракометен суперлигаш ГРК Охрид.  Косуке доаѓа на позајмица до крајот на оваа сезона да и помогне на екипата во остварување на што подобри резултати во историската сезона на клубот во која се наоѓа и во полуфиналето во ЕХФ купот.

Косуке е јапонски репрезентативец и доаѓа од екипата на Бурган од Кувајт. Имаше одлични настапи за екипата на РК Вардар 1961 пред две сезони. Игра на позицијата среден бек и има 25 години.

„Пресреќен сум што се враќам во Македонија, во тимот има добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре против Тиквеш, па потоа да можам да им помогнам на моите соиграчи за поуспешна сезона. Среќен сум за ваквиот пречек од нашите навивачи, тоа ми дава уште поголема мотивација“, изјави Јасухира.

Се вчитува...