Раководството на ракометниот клуб Охрид го претстави и третото засилување за вториот дел од сезоната во Суперлигата.
Нов член на охриѓани е младиот турски ракометар Ерај Каракоч. Се работи за 21-годишен среден бек кој досега има одиграно 17 натпревари за Турција. Во Охрид доаѓа од редовите на Трабзон, а со новиот клуб потпиша договор до 2024 година.
„Трето засилување за гладијаторите за плеј-оф натпреварите! Новиот член во семејсвото на ракометниот клуб Охрид е Ерај Каракоч. ГРК ОХРИД потпиша со турскиот репрезентативец до 2024 година. Игра на позицијата среден бек, има 21 година и e висок 183см. Каракоч доаѓа во Охрид од турскиот Трабзон. Има 17 официјални настапи за турската репрезентација“, се вели во соопштението на клубот.
Претходно, во Охрид пристигнаа Словенецот, Гал Цирар и Стефан Дрогришки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА