Ракометарите на ГРК Охрид запишаа уште една победа во домашниот шампионат откако вечерва на домашен терен стигнаа до убедлив триумф против МРК Куманово 37-17 во меч од 9. коло од новата сезона во Суперлигата.
Домаќините тргнаа фуриозно уште од самиот старт на мечот и веќе на полувреме имаа убедлива предност од 18-6. До крајот само рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 37-17.
Џукиќ и Лјапис со по седум гола беа најефикасни во таборот на победникот, додека кај поразените Борјан Цековски постигна шест гола.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

