Ракометарите на ГРК Охрид стигнаа до првата победа во новата сезона од домашниот шампионат откако денеска на домашен терен во „езерското дерби“ како дел од 2. коло од Суперлигата славеа над Струга со убедливи 40-16.
Домаќините ги разрешија сите дилеми околу победникот уште во првото полувреме кое го добија со убедливи 24-7. Во вториот дел охриѓани само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 40-16.
Ристески и Цирар со по седум гола беа први имиња кај Охрид, додека кај Струга Стефан Атанасовски постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

