ГРК Охрид ја стартува втората полусезона на 9. јануари. Екипата десет дена ќе биде во Р.Србија на зимски подготовки. Од 9 до 16 јануари екипата ќе е во Врбас, Србија, каде што ќе одигра и еден пријателски натпревар на 13.01.2026 со екипата на Врбас.
На 17 и 18 јануари екипата ќе биде дел од петтото издание на турнирот „Вук Рогановиќ“ во Белград, каде што игра полуфинале со екипата на РК Динамо Панчево (Србија), а другиот ден се играат натпреварите за место. Останати учесници на Турнирот се екипите на РК Партизан (Србија) и РК Тримо Требње (Словенија).
На екипата на ГРК Охрид во овие подготовки ќе и недостасуваат Дарко Ѓукиќ и Анте Иванковиќ кои ќе бидат дел од Европското првенство и настапуваат за Србија, односно Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

