ГРК Тиквеш ги продолжи договорите со Симиќ и Милков

Ракометниот македонски суперлигаш, ГРК Тиквеш ги продолжи договорите со центарскиот двоец во тимот, Страхиња Симиќ и Стефан Милков.

Интернационалецот од Србија минатата сезона беше најдобар стрелец во клубот кој заврши на петтата позиција во домашниот шампионат. Стефан Милков е младински репрезентативец на Македонија и еден од најнадежните ракометари во клубот од Кавадарци.

Претходно кавадарчани ја продолжија соработката и со левите крила Дарко Кондев и Димитар Коцев.

 

Се вчитува...