Суперлигашот ГРК Тиквеш под водство на Ристо Магдинчев на 29. јули ќе ги стартува подготовките за новата сезона.
„Уште претходната година имав позитивно мислење за целокупниот проект на ГРК ТИКВЕШ 2014. Екипата има квалитетни поедици кои ги задржа и оваа година. Сметам дека станува збор за стабилен клуб во секој поглед. Од екипата очекувам максимална ангажираност, професионалност, дисциплина и фанатична борбеност“ , изјави Ристо Магдинчев
ГРК ТИКВЕШ 2014 веќе има закажно планински подготовки и потврдено присуство на 2 турнири, турнирот во Струга и турнирот во Прилеп. Во меѓувреме се потврдени и неколку пријателски натпревари.
„Тиквеш е клуб кој заслужува да биде долги години во Супер лига. Како еден од постарите и поискусните домашни играчи во клубот, а и играч кој има и ракометна кариера и надвор од Македонија можам слободно да кажам дека овој клуб од година во година напредува се повеќе и повеќе. Условите за тренинг се одлични, покрај главниот тренер со нас работат и дополнителни 3 помошни тренери како и доктор и физеотерапевт. Ефектите се покажаа и кај младите играчи, на пример пионерите беа на финалниот турнир во Струга. Новата сезона ќе ни донесе големи возбудувања, но знам дека ние ќе го прифатиме предизвикот и ќе имаме рамноправна борба со секој на терен“, вели Јане Јанчев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА