Томе Петрески не е веќе тренер на ракометниот суперлигаш ГРК Тиквеш. Кавадарчани ќе ангажираат нов тренер во продолжението на првенството во кое ќе бидат дел од плеј-аут фазата во која ќе се борат за опстанок.
Кавадаречкиот клуб до последното коло беше во игра за пласман во плеј-офот, но со победата на Пелистер 2 во последното коло над Прилеп, Тиквеш на крајот мора да се задоволи со борба за опстанок.
Новиот тренер ќе биде објавен во текот на следните денови, а за задач ќе има да освои едно од првите две места во плеј-офот кои носат учество во Суперлигата и следната сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА