Искусниот 34-годишен голман Игор Арсиќ, е ново засилување за ГРК Тиквеш, соопштија од кавадаречкиот клуб. Арсиќ доаѓа во Тиквеш од грчки АЕК Атина.
Арсиќ има искуство со играње во Грција, со оглед дека покрај АЕК, бранеше и за Олимпијакос. Настапуваше во Израел, во екипата на Хапоел Ашдод, а беше дел и од српски Раднички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА