Струга ТЛ го промовираш грчкиот дефанзивец, Киријакос Мазулуксис како свое ново засилувањето за сезоната 2025/26.
28-годишниот Мазулуксис има богато искуство во грчкиот фудбал, играјќи и во Супер лигата, иако во Струга доаѓа како слободен агент, откако му заврши договорот со Паниониос. Ова беше неговиот последен клуб, а претходно во кариерата играл и за Кифисијас, ПАЕ Ханија, ПАС Ламија, Ерготелис и Арис.
Со тимот од Солун беше првиот негов професионален договор, додека ова ќе биде вторпат да игра надвор од Грција, по кратката авантура што ја имаше во белгиски Лирс.
Природната позиција на Мазулуксис е централен бек, но може да игра и на десната страна од одбраната, а исто така и како последен играч од средниот ред кој ја поврзува одбраната со средниот ред.
Мазулуксис потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување за уште две години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

