Ливерпул конечно се ослободи од Костас Цимикас, давајќи зелено светло за грчкиот дефанзивец да се пресели во Калчо-лигата и да го облече дресот на Рома.
Гркот стана прекуброен откако „црвените“ летово го ангажираа Милош Керкез, а Слот реши да го задржи Енди Робертсон како прва резерва за оваа позиција, со што стана јасно дека Цимикас не е дел од плановите на тренерот на Ливерпул.
Тој беше поврзуван со клубови од Англија и од Германија, но кога Рома се вклучи во трката Цимикас даде целосен приоритет на „волчицата“ во преговорите. На крајот беше постигнат договор, римскиот клуб ќе плати три милиони евра за позајмицата, а во неа ќе нема клаузула за задолжителен откуп. Притоа, Рома целосно ќе ја покрие платата на Цимикас што е загарантирана со неговиот договор со Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

