Гркот во агонија: Рома не го сака, во Ливерпул не може да се врати

Грчкиот дефанзивец Констаинос Цимикас за само неколку минути мина „од рај во пекол“, откако после само неколку месеци по прославата на титулата во Премиерлигата, може да остане во „небрано“.

Цимикас кој настапува во Рома како позајмен од тимот од Енфилд, ја заврши својата мисија на „Олимпико“, со оглед дека тренерот Џан Пјеро Гасперини не смета повеќе на него, пренесува „Газета“.

Откако актуелниот англиски првак го доведе Керкез, а го има и Робертсон, за Цимикас нема место ниту во Ливерпул. Рома на инсистирање на Гасперини ќе се обиде да ја раскине позајмицата, и на зима веќе да го врати во Англија. Се поизвесно е дека Гркот ќе оди на нова позајмица во вториот дел од сезоната.

Се вчитува...