Грнчаров „набилда“ нервоза во Гевгелија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Голем инцидент се случи на неполна минута пред крајот на дуелот меѓу Блокотехна и МЗТ Скопје, предизвикан од страна не се уште неименуваниот директор на металците, Тони Грнчаров и лицата што беа во негова придружба во салата во Гевгелија.Бесни на судиските одлуки, тие предизвикаа инцидент со обезбедувањето, па кошаркарите и членовите на стручниот штаб застанаа во одбрана на Грнчаров за да не дојде до уште поголем испад.

На крајот, тие беа исфрлени од салата, а мечот сосема непотребно заврши во крајно тензична атмосфера.

 

Се вчитува...