Грнчаров: Притисокот беше огромен, но одигравме перфектно

Бобан Грнчаров, шефот на стручниот штаб на Вардар по победата над Скопје од 3-0 во баражот за Прва лига рече дека натпреварот бил многу психолошки тежок, но дека играчите одиграле перфектен меч.

Грнчаров кажа дека и покрај искуството со играње баражи на Скопје, Вардаар на овој меч покажа дека заслужува да игра во Првата лига.

„Првите 15 минти бевме во грч и ние и противникот. Притисокот беше огромен, имавме голем товар, но одигравме перфектно. Јас пред мечот кажав дека Скопје е навикнат да игра бараж, но не играле со Вардар. Така што Вардар денеска покажа квалитет, и се она што не ни одеше сезонава, на некој начин ни се врати низ овој натпревар. Беше многу тешко психолошки да се влезе во натпреварот. Седум дена мислевме само на мечот, затоа и ги чувавме првотимците последните неколку натпревари, но бевме подготвени да одговориме на сите задачи од првата до последната минута. Вардар е тим кој има многу млади играчи, но има и искусни кои со помош на оваа публика покажаа дека местото им е во Прва лига“, изјави за ЕКИПА шефот на стручниот штаб на Вардар Бобан Грнчаров.

Се вчитува...