Директорот на МЗТ Скопје, Тони Грнчаров, изрази жалење за ваквиот развој на настаните на вечното дерби, што денеска беше прекинато и ќе се доигра утре.
„Двете навивачки групи се виновни, не може да се издвои поединец, и домашните и гостински те навивачи плукаа. Искрено ми е жал, влеговме во приказна за враќање на публиката, за враќање на големите дерби натпревари во полна сала. Мислевме дека се ќе заврши добро, но ете се случи тоа што се случи. Резултатот е во втор план на ова дерби, наша желба е да ја вратиме кошарката, за жал со овој прекин се направи чекор наназад на тој план. Не ги обвинувам судиите, имаат свои права… и нашите и домашните навивачи имаа по три опомени, но не се престана со плукање. Дефинитивно се губи шармот на дербито, бидејќи овие натпревари се толку убави тоокму поради поддршката од трибините“ – истакна Грнчаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА