Пред натпреварот меѓу Валенсија и Партизан во салата „Фонтета“ дошло до жесток конфликт меѓу навивачите на белградскиот клуб и полицијата.
На видеото кое се појави може да се види акцијата на полицијата на трибината во секторот каде што се гостинските приврзаници, против кои употребиле сила и ги тепале со палки.
Барем засега не е сосема јасно која е причината за ваквото однесување на полицијата. Навивачите на Партизан веќе имаа едно непријатно искуство со шпанската полиција, при гостувањето во Басконија, кога мораше да интервенира и полицијата. Тогаш беше уапсен еден навивач на „црно-белите“.
A hostia limpia en la grada, terrible @valenciabasket pic.twitter.com/VEk3PYqVHn
— OJELEYESEXUAL (@ojeleyisme) December 19, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА