Навивачите на Партизан покренаа акција за реализирање на сценографија на вечерашниот четврти натпревар меѓу Партизан и Реал Мадрид во четвртфиналната серија од Евролигата, со која ќе се оддаде почит за настрадните во белградското училиште „Владислав Рибникар“.
Навивачите се подготвуваат на дуелот со Реал да донесат по еден цвет, кој низ тишина и повеќеминутен молк, ќе бидат спуштени на теренот.
Натпреварот почнува од 20:30 часот во „Штарк арена“, а во чест на загинатите нема да има музика, навивачки кореографии или било каков друг спектакл кој беше вообичаен за претходните натпревари.
Како што е познато, 13-годишно момче вчера изврши масовно убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, во кое загинаа осум дечиња и вработен во безбедносните служби, а за живот се борат уште шест дечиња и наставничката по историја.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА