Навивачите на Партизан поставуваат нови стандарди во Евролигата откако популарните „гробари“ на неверојатната атмосфера што ја создаваат во белградска „Арена“ се надоврзаа со фанатично бодрење на своите миленици и на гостинските натпревари.
Доказ за тоа беше и синоќешниот дуел во Милано на кој повеќе од половина сала беше обоена во црно-бело, па не е чудно што избраниците на Обрадовиќ одиграа меч за паметење и го зедоа скалпот на италијанскиот првак.
„За Партизан не потојат гостински натпревари“, се вели во описот на видеото што Евролигата го објави, потенцирајќи ја неверојатната атмосфера што гостинските навивачи ја направија во Милано.
Away games don’t exist for Partizan 😱🗣️🔊 pic.twitter.com/TDN61Lu7XT
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) January 16, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

