„Гробари“ со „поздрав“ до Миротиќ: Човекот се држи за збор, а волот…

Навивачите на Партизан јасно ставија до знаење што мислат за Никола Миротиќ, откако со гласни свирежи го „поздравија“ неговото излегување на терен уште при самото загревање пред мечот со Олимпија Милано.

Крилниот центар пред една и пол година беше пред потпис со Партизан, се беше договорено, за во „пет до дванаесет“ да се премисли и да се пресели во Милано. Партизан потоа мораше да прави нови маневри на пазарот што се покажаа како погрешни, а навивачите јасно ставија до знаење дека на Миротиќ гледаат како на главен виновник за се што се случи.

„Човекот се држи за збор, а волот за рогови… Одлучи се што си“, гласеше еден од неколкуте транспаренти што можеа да се забележат на трибините во белградска Арена, наменети на црногоркиот кошаркар со шпански пасош.

Се вчитува...