Навивачите на Партизан со фантастична кореографија го отворија првиот меч во Белград против Реал Мадрид, посветувајќи ја на тренерот Жељко Обрадовиќ.
Легендарниот стратег е најзаслужниот за извонредните резултати на „црно-белите“ сезонава во Евролигата, а навивачите знаат да ја ценат тренерската величина која покрај кошаркарската, претставува и огромна човечка големина.
По првото полувреме Партизан има предност од 48-45, откако „црно-белите“ во голем дел од полувремето имаа и двоцифрено водство, но Реал пред крајот успеа да се врати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА