Гроф во одбрана на Пикси: „Денес е популарно само да се плука…, доста бре веќе!“

Поранешниот тренер на Црвена Звезда, Миодраг Гроф Божовиќ застана во одбрана на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси истакнувајќи дека денес е време на оние „сезнајковците“ кои се „накитени“ главно по социјалните мрежи и не знаат ништо друго освен да плукаат по оние кои што работат, затоа што тие самите се безработници.

„Репрезентацијата е чувствителна работа, незгодна тема… Знаете „цела нација е репрезентација“, сите гледаат фудбал, и мислат дека знаат, и сите се селектори… Денес најпопуларно е да се плука и да се критикува, затоа што е најлесно. Само облечете одело и почнувате да плукате. Или седнете зад тастатура и плукајте“ – вели Божовиќ за српските медиуми, веднаш дополнувајќи дека веќе редно е да замолкне и Раде Богдановиќ кој е постојан критичар на Драган Стојковиќ – Пикси.

„Најпопуларниот лик во Србија и пошироко е Раде Богдановиќ! Седи и само зборува. ‘Болан ова, Болан она…’ Па било кој ако сака да критикува ќе најде 1000 маани за секој друг. Ама лесно е само да зборуваш и да наоѓаш недостатоци на оние кои работат, затоа што не можеш да им најдеш на оние неработниците бидејќи и ништо не работат. Од каде популарноста на такви ликови? Но, сето тоа го носи ова модерното време со социјалните мрежи на кои секој може да плука за кликови, па разно-разни подкасти…, Мене не ми е јасно како некој не може да му каже – ајде човеку доста веќе! Затоа што тој нема кредибилитет да зборува бидејќи никогаш никаде не работел! Ајде да донесеме некој кој било од улица и да му кажеме, еве, сега си на телевизија, ајде зборувај. Жално е што едно исти лица, новинари, „аналитичари“ само плукаат а во животот ништо не сработиле. И да се разбереме, ги критикуваат само оние со кои не се добри. Се се сведува, за жал, само на лични односи. А тоа не е добро!“

Се вчитува...