Едно од најголемите вардарови имиња во последната деценија Влатко Грозданоски се збогуваше од активното играње фудбал во својот омилен дрес – црвено-црн! Грозданоски денеска против Силекс во последното коло од сезоната 2016/2017 го одигра и последниот натпревар за Вардар, за кој во својата кариера запиша 144 натпревари.
Емотивно, популарниот Влатче го доживеа сето тоа, истакнувајќи по мечот дека Вардар за него ќе остане единствениот клуб во срцето, без разлика што поранешниот репрезентативец во својата кариера играше во бројни клубови низ светот…
„Никој никогаш ниту можел да го замени, ниту го заменил Вардар во моето срце кое до крајот на животот ќе биде црвено-црно“ – истакна по последното збогум пред „Комитите“, Грозданоски дополнувајќи:
„Сакам да им се заблагодарам на сите вардарци кои сите овие изминати години беа со мене, да им се заблагодарам на „Комитите“ и да ги повикам и понатаму да бидат секогаш со Вардар. Искрено верувам дека Вардар сега може да го направи и тој посакуван чекор за успешни настапи и во Европа што е сон за секој од нас“.
Грозданоски пред мечот со Силекс, од раководството на клубот доби дрес и признание за целокупниот негов придонес за успесите на најтрофејниот македонски клуб.
[new_royalslider id=”661″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА