Гроздановски победи во дисциплината Кик Лајт на Светското првенство во ОАЕ (ФОТО)

И Климент Гроздановски ги продолжува борбите на Светското првенство во кикбокс кое се одржува во Абу Даби, ОАЕ, откако извојува победа од 3-0 против Франц Џошуа Мат Знер од Јужноафриканската република во дисциплината Кик Лајт.

Гроздановски, пак, ги заврши натпреварите во дисциплината Лоу Кик откако загуби од Украинецот Павло Замјатин.

Претходно, победи забележаа и Силвио Мировски кој во осминафиналната борба го победи Лазар Ступар од Србија, па, веќе обезбеди место во четвртфиналето на шампионатот, а триумф запиша и Бобан Илиовски против Хрватот Сунара Раул.

Се вчитува...