Францускиот автомобилист Роман Грожан повторно влезе во Формула 1 болид пет години откако преживеа страшна несреќа на Големата награда на Бахраин.
Болидот на Хас тогаш заврши во пламен, за среќа Французинот не го загуби својот живот, но се здоби со изгореници на двете раце. Овој инцидент означи крај на неговата кариера во најбрзото натпреварување на светот, а и покрај тоа што повеќе пати постоеше можност Грожан да се врати во Формула 1 болид, „камбекот“ беше одложен поради неговите обрски во Индикар.
Сега ситуацијата е промента, а Грожан веќе го испроба болидот VF-23 кој Хас го користеше пред две години. Французиот овој пат носеше кацига која ја дизајнираа неговите деца, а која требаше да ја носи на Големата награда на Абу Даби во 2020 година, трка која требаше и официјално да го означи крајот на карирата.
A moment five years in the making ❤️#HaasF1 #F1 | @RGrosjean @F1 pic.twitter.com/7DHUSdkZJ1
— MoneyGram Haas F1 Team (@HaasF1Team) September 26, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

