Роман Грожан објави фотографија на која се гледаат последиците од страотната несреќа која ја имаше на трката за Големата награда на Бахраин која се возеше на 29. ноември. Десната рака на Французинот веќе нема завои и изгледа нормално, додека левата се уште е во завои.
„Можете ли да замислите дека пред еден месец бев во оган? Левата рака е се подобра, но се уште не можам да ја фотографирам“, напиша Грожан на инстаграм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА