Црвена звезда конечно обезбеди место во групната фаза од Лигата на шампионите, па во Белград завладеа навивачка грозница и билетите за претстојните средби од групата Ц експресно „исчезнаа“ од клупските простории.
Благајните на стадионот на Црвена звезда беа отворени во девет часот утрово, а четири часа подоцна раководството на „црвено-белите“ се пофали дека сите пакети на билети се експресно распродадени.
„Најголемиот успех на Црвена звезда во последните 26 години предизвика неверојатен интерес од црвено-белата публика, па пакетите со билети за групната фаза од ЛШ се распродадени за помалку од три часа“ – се пофалија „црвено-белите“.
Приоритет во купувањето на билетите имаа членовите на клубот и сопствениците на сезонски билети, по што останатиот контингент беше пуштен во слободна продажба денеска, за експресно да биде распродаден.
Црвена звезда првиот домашен натпревар од групата Ц ќе го игра на 18 септември против Наполи, по што „црвено-белите“ на 6 ноември ќе го пречекаат Ливерпул, а на 11 декември ќе бидат домаќини на ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА