Грција без Јанис на Европското првенство?

Кошаркарската репрезентација на Грција се соочува со првите проблеми пресрет Европското првенство кое почнува на 1. септември. Селекторот на Грците, Димитрис Итудис се уште не знае дали ќе може да смета на својата прва ѕвезда Јанис Адетокумбо.

Јанис сака да настапи за Грците, но како и поголемиот дел од НБА кошаркарите административните проблеми може да го спречат во тоа.

„Голема предност за Грција ќе биде ако го имаме Јанис. Постојат други проблеми за негов настап, но со нив се занимава федерацијата“, изјави Итудис.

Проблем е дефинитивно здравственото осигурување за првата ѕвезда на Милвоки. Се работи за повеќе милионска сума која Грчката кошаркарска федерација во моментов не е подготвена да ја исплати.

Се вчитува...