Грција без Слукас на Мундобаскет

Првиот плејмејкер на репрезентацијата на Грција,, Костас Слукас ја извести федерацијата на оваа земја дека нема да му биде на располагање на тренерот Итудис на Светското првенство во Јапонија, Филипини и Индонезија.

Дефинитивно се послаби шансите на Грците да постигнат висок пласман на Мундијалот по веста дека тимот ќе настапи без организаторот на играта на Олимпијакос.

Поради напорната сезона, борбата до самиот крај во Евролигата и финалната серија од домашното првенство со Панатинаикос, Слукас реши летово да го одмори своето тело и да не го изложува на нови напори.

На Мундијалот Грција е во група со САД, Јордан и Нов Зеланд, а натпреварите ќе ги игра во Манила.

Се вчитува...