Кошаркарската репрезентација на Грција непосредно по крајот на Светското првенство кое оваа година се одржа во Индонезија, Јапонија и Филипини, а на кое го освои 15. место остана без селектор откако ненадејно беше прекината соработка со Димитрис Итудис.
Неговото место се очекува да го наследи Василис Спанулис кој наскоро ќе биде именуван за селектор и покрај малото искуство како тренер, откриваат грчките медиуми.
Договорот се очекува да биде двогодишен што значи дека поранешниот ас на Олимпијакос ќе ја води репрезентацијата на нашиот јужен сосед во квалификациите за Летните олимписки игри во Париз 2024 година, а и на Евробаскетот во 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

