Кошаркарите на Грција дојдоа до првата победа на ЛОИ во Париз, и со тоа се спасија од рана елиминација на кошаркарскиот турнир. Грците ја совладаа селекцијата на Австралија со 77-71, и така останаа во игра за пласман во следната фаза. Останува во оваа група да се одигра уште мечот Канада – Шпанија, а Канаѓаните веќе се пласирани во следната фаза.
Победникот Грците го решија со одличната втора четвртина, која ја добија со 16 разлика, и на полувреме заминаа со +15. Австралијците се обидоа да стигнат, се доближија до резултатот на противникот, но немаа сили да дојдат до пресврт.
Јанис Адетокумбо беше најефикасен со 20 поени, а Вокап постигна 18. Ландал кај Австралија со 17 беше најефикасен кај поразениот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА