Грција ја шокираше Англија на Вембли, Италија „прокоцка“ два разлика со Белгија (ВИДЕО)

Англија загуби од Грција на домашен терен на Вембли, и си ги намали шансите за првото место во групата во Лигата на Нации.

Павлидис во 49. минута од средбата успеа да дојде до предност. Грција постигна гол кој беше поништен поради офсајд, а потоа Белингем во 86. минута од средбата успеа да израмни. Меѓутоа Павлидис со уште еден гол во финишот и донесе прва победа на Грција против Англија на гостински терен.

Италија освои само бод во дуелот со Белгија во Рим. Но, Италијанците треба да жалат поради тоа што имаа предност од 2-0 со головите на Камбиасо и Ретеги. Потоа Италија остана со играч помалку по исклучувањето на Пелегрини во 38. минута од средбата. Де Кујпер успеа да намали пред крајот на полувремето, а Тросар во 61. минута успеа да дојде до израмнување.

Франција славеше лесна победа над Израел со 1-4.  Камавинга, Нкунку, Гендузи и Баркола ги постигнаа головите за финалистот на последното Светско првенство. Австрија со головите на Баумгартнер, Линарт, Сабицер е Зејдл ја совлада селекцијата на Казахстан.

Финска загуби дома од Ирска со 1-2, а Норвешка со 3-0 ја победи Словенија. Халанд постигна два гола и еден Сорлот.

Се вчитува...