Настапот на Јанис Адетокумпо во дресот на репрезентацијата на Грција на престојното Светско првенство кое ќе се одржи од 25. август до 10. септември во Филипини, Јапонија и Индонезија ќе биде неизвесен до самиот крај, пренесуваат грчките медиуми.
Ѕвездата на Милвоки Бакс досега не се појави на подготовките на репрезентацијата, а не беше ни во салата за пријателскиот натпревар против Словенија бидејќи се наоѓа во Соединетите американски држави каде поминува низ серија на медицински прегледи со цел утврдување на сериозноста на повредата на грбот.
Дваесетидеветгодишникот важи за најголема ѕвезда во репрезентацијата на нашиот јужен сосед па неговото присуство ќе биде од големо значење за амбициите на Грците на светскиот собир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

