Ракометната федерација на Македонија информира дека репрезентацијата на Грција се повлекува од првото издание на турнирот „Трофеј Македонија“ кое изминативе денови се игра во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид.
Како што велат од нашата федерација причина за ова е вирусна инфекција кај дел од ракометарките на Грција.
Во продолжение ви го пренесуваме соопштението на РФМ:
„Ракометната Федерација на Македонија ја информира спортската јавност дека женската ракометна репрезентација на Грција нема да го продолжи своето учество на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“. Причина за ваквата одлука е вирусна инфекција која зафати дел од ракометарките на грчкиот национален тим. Македонската ракометна федерација им посакува брзо закрепнување на ракометарките од Грција, и упатува искрена благодарност за нивното учество и придонес кон турнирот“, стои во соопштението на Ракометна Федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

