Грција „преживеа“ неверојатна драма и прекина пост од 16 години: Бронза на Евробаскетот!

Кошаркарската репрезентација на Грција ја победи селекцијата на Финска во натпреварот за третото место на Евробаскетот 2025 и го освои бронзениот медал на собирот на најдобрите на Стариот континент. Грците во страшно драматичен меч славеа со 92-89.

Грците во последниот период од играта имаа и 17 поени предност, но дозволија со аматерски однос на паркетот Финците на 5 секунди пред крајот да дојдат до три слободни фрлања при резултат 90-87, и за израмнување и продолжение на мечот.

Но, Јантунен од трите слободни фрлања погоди само две, а потоа скок на Грците и слободни фрлања за конечни 92-89.

Грција до медал ја предводеше брилијантниот Адетокумбо, додека Дорси и Толиопулос пружија одлична поддршка со прецизно шутирање однадвор.

Кај Финците, Марканен работеше само на крајот, но тоа не беше доволно за да се компензира лошиот почеток на натпреварот.

Се вчитува...