Грција реди победи во Лигата на Нации, Австрија ѝ нанесе дебакл на Норвешка (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Грција дојде до четвртата победа во Лигата на Нации, откако вечерва после големата победа над Англија, ја совладаа и Ирска со 2-0.

Грците до победата дојдоа во вториот дел, благодарение на голот на Бакасетас и на Манталос. 

И оваа победа, исто како и онаа со Англија, Грците ја посветија на починатиот фудбалер Џорџ Балдок, Англичанецот кој играше за Грција и кој беше пронајден мртов пред неколку дена во Атина.

Норевашка доживеа дебакл на гостувањето во Линц кај Австрија. Австријците на крајот славеа триумф со 5-1.

Марко Арнаутовиќ во 8. минута го откри резултатот, а Сорлот израмни. Арнаутовиќ од пенал донесе ново водство во 49. минута, а потоа Ленард, Пош и Грегорич ги поставија конечните 5-1.

Се вчитува...