Женската кошаркарска репрезентација на Македонија по воведната победа над Данска го доживеа првиот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство откако вечерва загуби на домашен терен од Грција со 84-101.
Избраничките на Ашаданов имаа сила само за една четвртина против фаворитот откако одиграа одлични 10 минути по кои резултатот беше 23-23. Сепак, следуваше голем пад во вториот период па грчките кошаркарки на полувреме заминаа со предност од 39-59.
Во вториот дел Грција рутински го приведе мечот до самиот крај за конечен триумф од 84-101. Анџелика Митрашиновиќ со 23 поени, надополнети со по девет скока и асистенции беше прво име во нашиот табор, додека кај победникот Елена Кристинаки постигна 21 поен.
Митрашиновиќ со овие 23 поени дојде до бројка од 419 поени на официјални натпревари, со што ја надмина Моника Гавриловска, која беше лидер со 403 поени во пресрет на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

